klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Тајфунот Ноул ја зафати јужна Кина, евакуирани над 700 илјади лица

Тајфунот Ноул ја зафати јужна Кина, евакуирани над 700 илјади лица
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·26. 07. 2026. 08:20:54

Тајфунот Ноул изутринава ги зафати јужните делови на Кина, проследен со силни ветрови и обилни врнежи што викендов го погодија и регионот на Хонгконг. Поради тајфунот Ноул во покраината Гуангдонг биле евакуирани повеќе од 715 илјади луѓе, додека властите го подигнале нивото на подготвеност, а стотици летови се откажани. Кинескиот Национален метеоролошки центар соопшти дека тајфунот Ноул стигнал до копното околу 3:50 часот по локално време, долж брегот на градот Хуиџоу во покраината Гуангдонг. Кинеската државна новинска агенција „Синхуа“ наведе дека Ноул е најсилниот тајфун што оваа година ја погодил Кина. Опсерваторијата во Хонгконг соопшти дека Ноул проследен со постојани ветрови од 110 километри на час, се движи кон внатрешноста на покраината Гуангдонг и постепено слабее, но и натаму носи силни ветрови и обилни врнежи во делови од регионот. Во покраината денеска во прекин е железничкиот сообраќај. Државната телевизија „Си-Си-Ти-Ви“ јави дека во крајбрежниот округ Хуилаи има голем број паднати дрвја чии крошни не ги издржале налетите на ветрот. Управата на аеродромот во Хонгконг соопшти дека денеска биле откажани околу 350 летови. Според податоците на локалните власти, најмалку девет лица биле повредени како последица на невремето. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti