klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Тајани: Италија повеќе нема да одговара на провокациите на Доналд Трамп

Тајани: Италија повеќе нема да одговара на провокациите на Доналд Трамп
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 07. 2026. 12:16:03

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денеска изјави дека Италија повеќе нема да одговара на провокативните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да не се поттикнуваат спорови меѓу сојузниците. Италијанската премиерка Џорџа Мелони минатиот месец го обвини Трамп дека измислил приказна, откако американскиот претседател во интервју за италијанската телевизија „Ла7“ рече дека таа на самитот на Групата седум (Г7) во Франција го „молела“ да се фотографираат заедно. Пред состанокот на лидерите на НАТО во Анкара, Трамп ја продолжи полемиката со објава на својата социјална мрежа „Трут Соушл“, каде што сподели фотографија од Мелони како го гледа одоздола, со натпис: „Потребна е забрана за приближување“. - Трамп зборува во свое име. Имаме претседател на САД кој сака да провоцира, особено на социјалните мрежи. Одлучивме повеќе да не одговараме на таквите изјави за да не поттикнуваме спорови меѓу сојузниците – изјави Тајани во интервју за весникот „Стампа“ (La Stampa). Тој додаде дека Италија ќе остане пријател и стратешки партнер на САД, како и на Европа. Мелони претходно беше еден од најгласните европски сојузници на Трамп и единствениот европски лидер кој присуствуваше на неговата инаугурација во 2025 година. Меѓутоа, оваа година таа го критикуваше американскиот претседател поради неговите напади врз…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti