Тага во домот на Бен Афлек, болеста му ја зема најсаканата личност

Крис Ан Болдт, мајка на холивудскиот актер Бен Афлек, почина по битка со рак на панкреас, објавува Дејли меил. Веста за нејзината смрт дојде само неколку недели откако актерот во едно интервју изјави дека неговата 81-годишна мајка е во многу добра здравствена состојба. На почетокот на јули, Афлек беше гостин во подкастот „Fly on the Wall“ што го водеа Дана Карви и Дејвид Спејд. Зборувајќи за неговата долгогодишна борба со алкохолизмот, тој се осврна и на својата мајка, поранешна наставничка. „Мајка ми има 81 година и е во навистина добра здравствена состојба“, рече актерот во тоа време. За време на разговорот, Афлек се потсети на еден од најтешките периоди во неговиот живот. Тој рече дека неговата мајка го однела на лекување од зависност од алкохол во 2001 година и дека зборовите што му ги упатила во тоа време засекогаш му останале во сеќавање. „Таа ми рече: Те гледам. Гледам кој си навистина. Знам дека си добар човек и добра личност. Ти си мој син и те сакам. Ќе бидеш добро, ќе го надминеме ова заедно“, рече актерот. Крис Ан Болдт беше редовен гостин на семејните собири и често се појавуваше јавно со Бен Афлек, неговата тогашна сопруга Џенифер Лопез и…
Povezane vijesti

Зулфикар Зејнула избран за нов министер без ресор во Владата

(ВИДЕО) Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ – Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура
