Светски звук, македонска емоција: Боби Андонов ја претставува „Момент“

По години поминати во Лос Анџелес, каде што пишува, создава и соработува со врвни музички професионалци, Боби Андонов отвора ново поглавје во својата кариера со песната „Moment“, односно ново музичко издание на македонски јазик. Светски, а сепак наш – Боби е еден од оние артисти што со својот специфичен вокал, препознатлива боја на гласот, имиџ и музички сензибилитет одамна ги надмина локалните рамки. Неговиот музички пат го однесе до Лос Анџелес, но Македонија и македонската публика остануваат важен дел од неговата приказна. „Moment“ е создадена од искрена и лична емоција, а инспирацијата е неговата сопруга и моментот кога првпат ја запознал. „Од тој момент знаев дека таа е љубовта на мојот живот, сè за што сум сонувал. Песната е за тоа чувство кога знаеш дека си ја нашол личноста што те прави целосен“, вели Боби. Во создавањето на „Moment“ учествува и Магдалена Цветкоска, чиј начин на претворање на емоциите во зборови Боби особено го цени. Откако ѝ го испратил првичното демо, таа веднаш ја препознала идејата и значењето зад песната, по што започнала нивната соработка. Продукцијата и аранжманот ги потпишуваат Боби Андонов и Grammy-наградениот продуцент Donny Bravo, кој соработувал со имиња како Benny Blanco, Disclosure и Chris Brown. Според Боби…
Povezane vijesti

Десет нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, АХВ вели нема опасност за луѓето

Англиските медиуми бесни на Тухел: Го имавме финалето во раце
