klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·17. 10. 2026. 12:00:21

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот, откако меѓународен тим спелеонуркачи достигна рекордна длабочина од 338 метри во рамки на експедицијата „Врело 2026“. Со овој подвиг беа поставени три светски рекорди, а пештерата го презеде првото место на светската листа пред локалитетите Фонт Естрамар во Франција и Елефанте Бјанко во Италија. Како што соопштуваат од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, во периодот од 10 до 17 октомври меѓународен тим од 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија успеал да ја истражи пештерата до рекордни 338 метри, што е за 51 метар подлабоко од досега истражената длабочина од 287 метри. Со тоа се поставени светски рекорди во три категории: најдлабоко истражена пештера од човек, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко длабинско нуркање на отворени води. Освен новите длабочини, експедицијата открила и два досега непознати подводни канали, со што мапата на пештерскиот систем е значително проширена. Вкупно се истражени повеќе од 150 нови метри пештерски канали, кои дополнително го збогатуваат познавањето на комплексниот подводен систем на Врело. Првиот новооткриен канал се наоѓа на околу 300 метри од влезот на пештерата, на длабочина од 33 метри и е долг приближно 100 метри, додека вториот е откриен на длабочина од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti