Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“

Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, уште на прво слушање е новата музичка приказна на Огнен Здравковски насловена „До неба“ што тој деновиве ѝ ја претставува на јавноста. Нумерата носи силна емоција, современ звук и атмосфера што долго останува да се врти низ мислите на оние што веќе ја слушнале. По период исполнет со многу работа, посветеност и музичко созревање, Огнен се враќа со песна која уште по првите тонови освојува со искреноста и енергијата што ја носи. „До неба“ е спој на модерна продукција, балканска емоција и врвна музичка екипа која стои зад целиот проект. Музиката и аранжманот се дело на Димитар Андоновски, додека текстот го потпишува еден од најпознатите и најбараните текстописци на Балканот – Милан Милетиќ. Видеоспотот е снимен во Белград, под режија на Никола Шуњевиќ и продукцијата Sneak Media. Посебна тежина на песната ѝ дава и тимот од врвни музичари кои учествуваа во нејзината реализација. Гудачката секција ја отсвирија светски познатите Istanbul Strings од Турција, за бас гитарата беше задолжен Иван Кукиќ, на тапани е Петар Богосављевиќ, кларинетот е дело на Бурхан Буки, а придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, препознатлива по песната „Поноќ“ од филмот за Тома Здравковиќ. „На…
Povezane vijesti

Анастасија Никова објави нова песна „Под ова небо” на која работеше со Влатко Илјачев- Валдера и со Darkoff

Македонскиот Бали Бег: Пејачот Никола Милосковски мами воздишки и крши женски срца!
