klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Светислав Пешиќ доаѓа во Скопје

Светислав Пешиќ доаѓа во Скопје
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·21. 07. 2026. 11:07:48

Кошаркарскиот тренер Светислав Пешиќ, доаѓа во Скопје на покана на Кошаркарската федерација на Македонија во рамките на годинашната задолжителна тренерска клиника која ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје. Пешиќ ќе биде главен предавач, како тренер чија кариера повеќе од четири децении претставува синоним за врвни резултати, лидерство и кошаркарско знаење. Член на Куќата на славните на ФИБА, европски и светски шампион со репрезентации, освојувач на титулата во Евролигата и еден од најпочитуваните тренерски авторитети во светската кошарка, Пешиќ своето богато искуство ќе го пренесе на македонските тренери преку дводневна стручна едукација. Клиниката е наменета за сите македонски кошаркарски тренери, а присуството е задолжително, бидејќи претставува еден од основните услови за добивање тренерска лиценца за натпреварувачката сезона 2026/27.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti