Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“

Сведоци предложени од одбраната на судењето против 13 полициски службеници обвинети за непостапување согласно акцискиот план во дискотеката „Пулс“ денеска сведочеа за присуството на полицијата пред и по пожарот во дискотеката. Едниот изјави дека како малолетник ја напуштил дискотеката поради полициска контрола непосредно пред избувнувањето на пожарот, додека другиот рече дека по несреќата видел полициски службеници како помагаат во евакуацијата и расчистувањето на просторот. Трет сведочеше за тоа како полицајците им давале инструкции каде да ги транспортираат преживеаните. Првиот сведок, кој во моментот на настанот бил малолетен, изјави дека во дискотеката пристигнал околу 1:15 часот и дека со пријателите го напуштил објектот откако биле предупредени дека надвор има полициска контрола. - Дојде келнерот и ни кажа дека надвор имало полиција - рече сведокот, објаснувајќи дека тој и неговите другари во тој момент веќе биле кај вратата. Тој наведе дека пред влезот бил задржан од полициски службеник кој им земал лични податоци. Според неговото сведочење, токму во тој момент од внатрешноста се слушнал повик дека има пожар. -Некој од внатре викна дека се запалило и полицаецот ни кажа да бегаме од местото - изјави сведокот. На прашање дали полицискиот службеник кој ги легитимирал е присутен во судницата, сведокот посочи кон обвинетиот…
Povezane vijesti

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната

Какви докази ќе изнезе одбраната за пожарот во „Пулс“
