klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Шумскиот пожар се приближува кон Бордо

Шумскиот пожар се приближува кон Бордо
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 08:02:02

За време на викендот поради пожарите во Франција евакуирани се околу 220.000 луѓе, додека во соседна Шпанија евакуирани се 75.000 луѓе, а 30.000 лица добиле наредба да се засолнат. - Ова се пожари какви што никогаш порано не сме виделе, изјави денеска градоначалникот на Сестас, Жером Стеф. Сестас е едно од предградијата на Бордо, каде што илјадници луѓе се евакуирани од своите домови и викендички. Пожарите, кои избувнаа минатата недела во близина на брегот на Атлантски Океан, сега се на 15 километри од влезните точки на областа Бордо. Метеоролошката служба на Франција соопшти дека температурата на воздухот ќе се искачи до 37 степени Целзиусови. - Во трка со времето сме пред да се врати топлотниот бран, наведе Стеф. Претседателот на Франција Емануел Макрон за денеска закажа владина седница на која ќе ја разгледува ситуацијата со шумските пожари што се приближуваат до Бордо.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti