klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Султан Раев, генерален секретар на ТУРКСОЈ за МИА: Ме импресионира почитта што македонскиот народ ја покажува кон својата историја

Султан Раев, генерален секретар на ТУРКСОЈ за МИА: Ме импресионира почитта што македонскиот народ ја покажува кон својата историја
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·13. 07. 2026. 08:51:37

-Ме импресионира почитта што македонскиот народ ја покажува кон својата историја. Бројните споменици во Скопје сведочат дека оваа земја ги цени своите историски личности и се гордее со своето минато. Тоа е израз на љубов кон татковината, сопствените корени и историската меморија, вели во интервју за МИА Султан Раев, генералниот секретар на Меѓународната организација за турска култура - ТУРКСОЈ. Соработката меѓу оваа влијателна меѓународната организација и Македонија, има долга и конкретна историја, како што наведува Раев, а најголем потенцијал за нејзино натамошно продлабочување гледа во областите што го поврзуваат зачувувањето на наследството со современото творештво. Раев при тоа ги набројува заштитата и промоцијата на материјалното и нематеријалното културно наследство, потоа книжевноста и преведувачката дејност, бидејќи вели, како писател, добро знае дека книжевноста може да ги зближи народите на многу длабоко ниво. Особен потенцијал за соработка гледа и во уметностите како во музиката, театарот, филмот и визуелните уметности, понатаму во академската соработка, дигитализацијата на музејските и архивските фондови, како и културниот туризам, и пред се, младинската соработка. -Во тој контекст, Охрид има посебно место. Неговото природно, духовно и културно богатство заслужува уште посилна меѓународна промоција. Преку културниот туризам, Охрид може уште поуспешно да се претстави во турските држави како еден од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti