Судењето за смртта на Марадона одложено

Суд во Аргентина ја прекина истрагата за смртта на аргентинскиот фудбалер Диего Марадона за една недела поради грешка во медицинската документација, објави денес каналот ТН. Рошиштето требаше да продолжи денес, но судијата ја прекина седницата предвреме поради грешка откриена во извештајот за смртта на фудбалерот. Откриено е дека во извештајот се користени резултати од тестови од 2015 година, но дека тие му припаѓале на таткото на славниот фудбалер. Конфузијата, како што се претпоставува, се случила затоа што таткото и синот имаат исто име – Диего Марадона. Истрагата утврдила дека Диего Марадона, фудбалерот, престојувал во Дубаи во времето кога биле издадени медицинските извештаи. Обвинителот Патрицио Ферари изјавил дека е изненаден од работата на Медицинската комисија, дека станува збор за измама, замка. „Тие сакаат да ги заматат водите на судењето додека тоа достигнува во завршна фаза“, рече Ферари, додавајќи дека верува оти по пресудата што би вклучувала погрешни медицински извештаи, судењето би можело да биде поништено. Судот, исто така, им наложи на осигурителната компанија и на клиниката каде што бил лекуван Марадона да ја достават целата документација поврзана со неговите медицински картони. Во јуни 2022 година, Канцеларијата на аргентинскиот државен обвинител обвини осум медицински работници за убиство од небрежност што довело до…

