klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Судење за „Пулс“: Презентирани докази за работата на Државниот пазарен инспекторат, одбиено барањето за изземање на обвинителката Сарамандова

Судење за „Пулс“: Презентирани докази за работата на Државниот пазарен инспекторат, одбиено барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 12:48:24

Барањето за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова, се одбива како неосновано, информираше Судот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, на кое обвинителството продолжи со презентација на материјални докази кои се однесуваат на работата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Обвинителството, доказите продолжи да ги презентира само со читање на насловите како што се во листата на докази, како записници од претрес и потврда за привремено одземени предмети од МВР, дописи, известувања и записници од СВР Штип, известувања од Државен пазарен инспекторат, како и предмети од ДПИ за Класик ДМ и ММММ Кафе, налози за вршење инспекциски надзор и записници од извршени инспекциски надзори од ДПИ. Јавната обвинителка Наташа Сарамандова, пред изведување на доказите, напомена дека ова не е едноставен кривично-правен настан и има бројни докази кои веќе се при крајот на нивното изведување, а најмногу се однесуваат во однос на околностите зошто во овој настан, последицата е починати 63 лица и тешки телесни повреди кај повеќе од 200 лица, од кои повеќето се млади и деца. Сепак, како што појасни обвинителката, бидејќи дале согласност за презентирање на доказите од областа на Министерството за економија со читање, како што се наведени во листата на докази, а доказите од областа на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti