klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Судење на 13 полицајци за трагедијата во „Пулс“: Сослушани сведоци, прикажани видео – снимки од внатрешноста на дискотеката за време на пожарот

Судење на 13 полицајци за трагедијата во „Пулс“: Сослушани сведоци, прикажани видео – снимки од внатрешноста на дискотеката за време на пожарот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·08. 07. 2026. 12:39:26

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште, јавната обвинителка Спасенка Андонова прво продолжи со изведување докази на Обвинителството. Во судницата беа пуштени видео - снимки, за кои беше кажано дека се од внатрешноста на дискотеката „Пулс“, каде настапувала групата „ДНК“ на 16 март 2025 година. На видеата се гледаше пожар и лица кои најверојатно се упатуваат кон излезот на дискотеката. Еден од адвокатите реагираше дека на ниту едно видео не се гледал некој од, сега обвинетите, полициски службеници. Според него, меѓу другото, не се гледало ни кој ја активира пиротехниката. Александар Наунов, татко на една од жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани, во изјава за медиуми, им се обрати директно на обвинетите. - Едно прашање не можеме да го премолчиме. Велите дека сте имале задача да барате опојни дроги. Ако е така, како не го пронајдовте она што, според многу жители, го знае цело Кочани? Дали навистина не видовте, или не сакавте да видите, па молчешкум одминувавте? Влегувате во дискотеката, а не реагирате на пиротехниката. Дали спречувањето на такви опасности е дел од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti