klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Судбината на децата бегалци останува жива рана на македонскиот народ

Судбината на децата бегалци останува жива рана на македонскиот народ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·03. 07. 2026. 07:40:58

Во Скопје, во срцето на македонската престолнина, деновиве беше одбележана комеморацијата по повод 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78 години од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија. Настанот се одржа пред Споменикот на децата бегалци во паркот „Жена-борец“, место што со својата тишина и истрошена убавина сведочи за една од најболни страници на нашата историја. Овој споменик, иако оштетен, останува симбол на колективната меморија – потсетник на илјадниците деца што беа принудени да ги напуштат своите домови, селата и родниот крај во егејскиот дел на Македонија. Паркот „Жена-борец“ со години е простор каде што се испреплетуваат болката и достоинството, каде што секоја комеморација станува чин на отпор против заборавот. Со свеченоста, Скопје уште еднаш се претвори во град на сеќавањето, во град што ја чува вистината за минатото и ја пренесува како опомена за иднината, пишува НОВА МАКЕДОНИЈА. Организатори на комеморацијата беа Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци „Македон“ и Здружението „Сонцето од Кутлеш“ од Скопје, две организации што со децении ја носат одговорноста да ја чуваат меморијата на егзодусот и да им ја пренесуваат на новите генерации. Тие не само што ја организираа свеченоста туку и упатија силна порака …

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti