klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Струмички пожарникари спасиле мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“

Струмички пожарникари спасиле мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 09:17:55

Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги извлекле двете лица од непристапниот терен и ги предале на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување. Од ТППЕ Струмица информираат дека благодарение на брзата, професионална и координирана реакција на спасувачките екипи, интервенцијата завршила успешно. Од единицата апелираат до граѓаните кои ги користат трим-патеките и планинските патеки да бидат особено внимателни, особено во раните утрински и ноќните часови, при движење по стрмни и непристапни делови од теренот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti