klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

СТРАШНА ПОВРЕДА НА ТЕРЕН: Крикот на одбојкарот одекна во салата (ФОТО)

СТРАШНА ПОВРЕДА НА ТЕРЕН: Крикот на одбојкарот одекна во салата (ФОТО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·28. 06. 2026. 12:59:13

Одбојкарскиот репрезентативец на Куба, Хавиер Консепсион доживеа тешка повреда на денешниот натпревар против селекцијата на Иран кој се игра во Франција. Кубанскиот среден блокер во вториот сет од натпреварот во Лигата на нации, при резултат од 23:18 за Иранците, најверојатно лошо се приземји по скок и ја повреди ногата. Дваесет и осум годишниот одбојкар, кој е еден од двајцата главни средни блокери на Куба, падна на паркетот со болен крик кој одекна во салата. Натпреварот беше во прекин околу десетина минути поради интервенција на медицинскиот тим, по што Консепсион беше изнесен на носилки од салата. Неговите соиграчи, противничкиот тим од Иран, како и присутните во салата го поздравија со аплауз. Во моментов не се познати повеќе детали за повредата на кубанскиот одбојкарски репрезентативец.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti