klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 11:36:01

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули. Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека, товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција. Оттаму дополнуваат дека од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti