klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Стојкова Серафимовска: Со клучни системски реформи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизира состојбата на културата и туризмот

Стојкова Серафимовска: Со клучни системски реформи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизира состојбата на културата и туризмот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 07. 2026. 12:20:04

Со цел културата и туризмот повторно да станат стратешки двигатели во развојот на државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции, вели Велика Стојкова Серафимовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо краткорочни и непромислени решенија, во изминативе две години Владата на ВМРО-ДПМНЕ се фокусираше на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. По преземањето на одговорноста за раководење со Владата во 2024 година, беше наследен институционален систем во културата без јасни стратешки насоки и дополнително, долг од 273 милиони денари по основ на неисплатени плати во националните и локалните установи. Веќе со првиот ребаланс беа обезбедени средства за сервисирање на наследените обврски, како и дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за инфраструктурни проекти во општините. Паралелно започна системско решавање на долгогодишните проблеми во културата и туризмот. Изготвена е длабинска анализа за рационализација на националните установи и преземени се конкретни чекори за спроведување на реформските приоритети. Започната е имплементацијата на Законот за употреба на македонскиот јазик. Основани се Инспекторатот и Советот за македонски јазик, а во тек е и изработката на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti