Стојкова Серафимовска до Костадиновска Стојчевска: Успеавме во овие кратки две години да решиме многу проблеми коишто вие ги оставивте

На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска која во реплика кон пратеничката од СДС, Бисера Костадиновска Стојчевска истакна дека актуелната власт се соочува со проблеми наследени од претходното раководење со ресорот култура. „Ја разбирам вашата потреба да се обратите и јас исто вака се обраќав кога бевме опозиција, па кога се менуваа министрите од страна на владата на СДС и ДУИ и само да ве потсетам дека вие менувавте секоја година министер. Значи во вашиот мандат се сменија пет министри за култура од коишто чинам дека само една министерка беше од ресорот, така да се ќе се обидам на кратко да ви одговорам на сите ваши забелешки, а бидејќи сето она што вие го кажавте, практично вие можевте и да го направите и да го завршите, меѓутоа во вашето седум односно осумгодишно владеење ништо не направивте од ова, па оставивте еден куп затекнати проблеми коишто мораше да се решат“, рече Стојкова Серафимовска и додаде: „Моја забелешка е особено за она што зборуваат за институции, не се отвораат институции без функционална анализа. Да вие отворивте институции за коишто имаше само по еден вработен, го спомнавте џез оркестарот, па ете и со џез оркестарот…
