Стојановски: Верувавме во нашиот план, сега се подготвуваме за Украина

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по втората победа на ЕП од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите избраници покажале карактер и одлична реакција во второто полувреме против Швајцарија. „Првите два напади беа токму онака како што сакавме. Потоа се случи нешто што за мене беше несфатливо – не го следевме тоа што го договоривме. Швајцарија погоди седум тројки во првата четвртина и десет за едно полувреме, нешто што досега немаше направено на овој турнир. Ние, пак, немавме вистински ритам во првата четвртина. Бевме доста пасивни во одбраната. Сепак, направивме добра реакција во втората четвртина. На полувремето им кажавме на играчите да веруваат во себе и во нашиот план. Тоа беше пресингот по целиот терен. Имавме одличен импакт од клупата и голема енергија од играчите кои влегоа во игра, особено во одбраната. Потоа почнавме да ги погодуваме шутевите, а тоа е нашата игра – брза кошарка и реакција веднаш по примен кош“, вели Стојановски. Во последното коло, нашите кадети ќе играат против Украина, која исто така има две победи и два порази. Сега е многу важно играчите да се одморат и добро да се подготвиме за Украина. Тоа е селекција која носи доста физички силни играчи, но ние…
Povezane vijesti

Debakl omladinaca Mladosti u Kazahstanu

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk
