Стојаноски: УМС Ѓорче Петров уште еднаш покажа зошто е препознатлив бренд, организација што континуирано расте

Денес УМС Ѓорче Петров одржа состанок со новиот Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески, информира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. -УМС Ѓорче Петров уште еднаш покажа зошто е препознатлив бренд, организација што континуирано расте, обединува и создава нова енергија. Масовност, сплотеност, континуитет! Ми беше чест да присуствувам и да се обратам пред младите. За мене секогаш претставува посебно задоволство да бидам дел од состаноците и активностите на УМС Ѓорче Петров, истакна тој. Како човек чии политички почетоци и развој се поврзани токму со УМС Ѓорче Петров, Стојаноски вели дека секогаш ќе дава искрена поддршка на нивното работење и понатамошен развој. -Особено ме радува што во УМС Ѓорче Петров членуваат чесни, искрени, способни и амбициозни млади луѓе кои се иднината на Македонија. Еднаш УМС - секогаш УМС, рече Стојаноски.
Povezane vijesti

Конески: Од Ѓорче Петров ја започнуваме серијата посети низ цела Македонија

МИЦКОСКИ ЗА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Постојат личности кои се раѓаат во едно време - припаѓаат на сите времиња, патоказ на генерациите што доаѓаат
