klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Стојаноски: Секој денар мора навремено да се претвори во конкретен проект, објект или услуга за граѓаните, а токму тоа се прави со овој ребаланс

Стојаноски: Секој денар мора навремено да се претвори во конкретен проект, објект или услуга за граѓаните, а токму тоа се прави со овој ребаланс
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 07. 2026. 16:54:08

„Овој ребаланс ќе даде подобар квалитет на животот на граѓаните, на стопанството и на институциите и овој ребаланс ќе гарантира дека во наредните шест месеци до крајот на завршувањето на оваа година граѓаните ќе имаат повисоки плати, ќе имаат повисоки пензии, приватниот сектор ќе добие поддршка и секоја сфера на општеството ќе расте“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во обраќање на денешната собраниска седница. Стојаноски истакна дека со предложениот ребаланс вкупните приходи се зголемуваат од 374,9 милијарди денари на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување за 4,5 милијарди денари, односно 1,2%. Исто така, Стојаноски нагласи дека ставката која се однесува на капиталните инвестиции се зголемува за 5,8 милијарди денари, односно за 14,5% и истата треба да генерира дополнително финансирање на изградба на проекти во државата. „Развојните потпрограми, оние коишто се директно одговорни за тоа што ќе се направи во државата, достигнуваат 41 милијарда и 58 милиони денари, што значи зголемување од 4,2 милијарди денари, односно 11,4%“, кажа Стојаноски. Пратеникот Стојаноски, меѓудругото, потсети дека во првите пет месеци од 2026 година вкупните приходи изнесуваат 140 милијарди и 162 милиони денари, што е за 5,7% повеќе споредбено со истиот период лани, а даночните приходи, пак, бележат раст од 4,6…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti