Стојаноски: Опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада

Пратеникот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. -Гледаме спротивни реакции на опозицијата денеска иако требаше да се одржи средба за изборниот законик. Тука доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. Со месеци се преговараше, над четири месеци, па кога требаше да се поднесе законот се повлекоа. Со што директно одиме на тоа дека едноставно опозицијата нема интерес овој закон да биде донесен и да го исполниме последниот бенџ-марк кој го имаме како обврска од Реформската агенда. По четири месеци секојдневно работење и во Министерството за правда и во комуникациите помеѓу Собранието, сега гледаме дека се бараат експертски расправи итн, всушност укажуваме дека најверојатно постои договор меѓу опозициските партии овој закон да не биде донесен - рече Стојаноски. Го повтори ставот на владината коалиција дека ќе прифатат се за што опозициските партии ќе се договараат се додека во тоа законско решение е вклучено и гласањето на дијаспората. -Она што е суштински важно да го повторам нашиот став - сето тоа што тие партии го имаат како разлика и би го договориле помеѓу себе за да се надминат тие…
Povezane vijesti
Поранешниот директор на СОЗР обвинет дека со сопругата користеле рен-а-кар возила од компанија која имала договор со владата

FORTO UPOZORIO: BiH probila sve rokove za provedbu Reformske agende, mogli bi ostati bez evropskog novca
