klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Стојаноски: Опозицијата ја блокираше изборната реформа, Македонија останува без 4,2 милиони евра

Стојаноски: Опозицијата ја блокираше изборната реформа, Македонија останува без 4,2 милиони евра
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·15. 07. 2026. 10:07:03

Македонија нема да го исполни рокот за усвојување на новиот Изборен законик, а поради блокадите од опозицијата државата ќе остане без 4,2 милиони евра, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој посочи дека 15 јули бил последниот рок за усвојување на изборната реформа, но на денешната пленарна седница Изборниот законик воопшто не се нашол на дневен ред. Според Стојаноски, тоа значи дека Македонија нема да ја исполни една од десетте обврски, со што ќе ги изгуби и средствата во износ од 4,2 милиони евра. Стојаноски нагласи дека во изминатите четири месеци се воделе разговори во рамки на Министерството за правда и во Собранието, при што, како што рече, владејачкото мнозинство понудило договор до опозицијата за заедничко усвојување на законското решение. Според него, наместо договор, следувала свесна блокада од страна на опозицијата, која, како што оцени, не покажала подготвеност да седне на заедничка маса и да постигне консензус за изборните измени. „Ова што го гледаме е театар на свесна блокада, која треба да им служи како алиби за наредниот изборен пораз“, изјави Стојаноски. Тој додаде дека, и покрај најавите, не биле одржани средби меѓу опозициските партии за финализирање на законот, оценувајќи дека тоа оди на штета и на препораките што…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti