Стојаноски: Најавата на СДС за блокада на Изборниот законик е алиби за поразот на следните избори

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија се осврна на Изборниот законик кој денес влезе во собраниска процедура и говореше за најавата на опозициската СДС за блокада на истиот. „СДС го блокира овој законик од две причини. Прво, наоѓа алиби да не учествува на парламентарните избори, кога и да се случат, сакајќи на тој начин уште неколку години да му купат на Венко Филипче на чело на СДС, или припремаат алиби за поразот доколку учествуваат на тие парламентарни избори”, рече Стојаноски и додаде: „Во прес-конференцијата на Филипче тој вели „гласањето на нашите гласачи во дијаспората е антидемократски чин“. Тоа не сметам дека не е само навреда, туку тоа директно оди во корелација на нарушување на македонскиот идентитет, нешто што СДС подолго време го прави наназад". Стојаноски посочи дека политиката не е Фејсбук, туку, како што кажа, потребно е преземање на одговорност затоа што граѓаните очекуваат резултати. „Откако е Левица парламентарна партија, или е во дел од советите на општините, сетете се барем на една целисходна работа што тие ја имаат направено. Едно е да земате плата и да ве има на социјалните мрежи, друго е вие да влезете во проблемите…
Povezane vijesti

(VIDEO) Knežević najavio 'političku nuklearnu bombu': Tvrdi da će srušiti Vladu Crne Gore

Stanišić: Evropski parlament spreman za uključivanje poslanika iz Skupštine Crne Gore
