klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Стоилковиќ: Владата обезбеди 4,65 милиони евра за капитални проекти, продолжува поддршката за нови инвестиции

Стоилковиќ: Владата обезбеди 4,65 милиони евра за капитални проекти, продолжува поддршката за нови инвестиции
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·20. 07. 2026. 14:44:08

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска престојуваше во работна посета на Општина Кочани, каде со градоначалникот Владко Грозданов разговараше за реализацијата на инфраструктурните проекти, регионалниот развој, прекуграничната соработка и идните инвестиции. На средбата беше направен преглед на реализацијата на најзначајните капитални проекти. Во изјавата по средбата, градоначалникот Грозданов соопшти дека изградбата на источниот булевар „Тодосија Паунов“ напредува според предвидената динамика и дека веќе утре се очекува поставување на првиот слој асфалт на делницата од кружниот тек кај „Лукоил“ до бензинската станица „Макпетрол“. Атмосферската канализација на оваа траса е целосно поставена, а во следната фаза ќе продолжи и поставувањето на дополнителната мрежа од левата страна на коловозот. Градоначалникот го запозна министерот и со активностите за изградба на Домот за стари лица, каде што по извршените технички корекции во проектната документација се очекува наскоро да започне реализацијата, како и со проектот за повеќенаменско спортско игралиште кај браната Гратче, кој ќе се реализира преку програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Градоначалникот и министерот разговараа и за инвестициите за енергетска ефикасност на јавните објекти, реконструкцијата на мостот на Кочанска Река, изградбата на потисниот цевковод и подготовките за реализација на јужниот булевар. Министерот Стоилковиќ нагласи дека Владата во изминатиот период обезбедила околу 4,65…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti