klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Стоилковиќ: Го оставам Министерството со тројно помал буџет, Програмата К-5 е укината

Стоилковиќ: Го оставам Министерството со тројно помал буџет, Програмата К-5 е укината
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·29. 06. 2026. 10:34:59

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ објави на неговиот фејсбук профил дека, како што вели, пред веќе извесното заминување од функцијата остава „средено и организирано“ Министерство, со буџет намален за повеќе од три пати во споредба со 2021 година и целосно укината програмата К-5. -Пред веќе извесното заминување од Министерството за односи меѓу заедниците, нека остане забележано дека од „сива зона” на системот денеска Министерствоте со нова систематизација средено и организирано го оставам на мојот наследник - напиша министерот во неговиот отчет на Фејсбук, наместо, како што вели прес-конференција. Стоилковиќ наведува дека буџетот на Министерството е намален од 577,8 милиони денари во 2021 година на 173,5 милиони денари во 2026 година, притоа, како што тврди, без да бидат укинати програмските активности. Според него, со тоа е прекината праксата на ненаменско трошење на јавни средства. Тој исто така истакнува дека е завршен процесот на прераспределба на административните службеници опфатени со програмата К-5, која, според него, претходно овозможувала исплата на плати на лица кои не оделе на работа. -Ова значи кратење на средства кои претходно биле користени за т.н. „коруптивни” цели и дека повеќе нема трошење пари на граѓаните за фиктивни јавни набавки, на пример, за угостителски услуги, за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti