Што НЕ СМЕЕТЕ да носите на одмор во Грција?

Со почетокот на летната сезона, илјадници туристи тргнуваат кон грчките плажи. Но, покрај пасошите и багажот, многумина на граница носат и работи што можат да им создадат сериозни проблеми. Најчести се три категории – храна од животинско потекло, поголеми количини тутун и алкохол и непријавена готовина. Најстрогите правила се однесуваат на месото, сувомесните производи, млекото и млечните производи. Тоа значи дека сендвичи со сувомеснато, домашни јадења со месо, сирење, кашкавал или други слични производи можат веднаш да бидат одземени при контрола. Истото важи и за готови јадења што содржат месни или млечни состојки. Царинските служби имаат право да ги конфискуваат и уништат производите без надомест. Цигарите и алкохолот под посебен режим Патниците од земји надвор од Европската унија мора да внимаваат и на количините тутун и алкохол што ги носат со себе. Дозволени се само ограничени количества, а секое пречекорување може да резултира со дополнителни царински постапки и казни. За малолетници правилата се уште построги. Тие воопшто немаат право да пренесуваат тутунски производи или алкохол. Повеќе од 10.000 евра? Посебно внимание се обрнува и на готовината. Секој што носи повеќе од 10.000 евра мора тоа да го пријави на граница. Непријавувањето може да доведе до задржување на средствата, дополнителни проверки…


