Што добива светскиот шампион – „Златен глобус“ или „Златна божица“?

Шпанија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство. Шпанија се бори за вториот трофеј на светски шампион, а Аргентина за четвртиот. Сепак, многу фудбалски фанови всушност не го знаат точното име на трофејот што ќе го подигне светскиот шампион. Првиот трофеј доделен на светските фудбалски шампиони беше трофејот Жил Риме и беше актуелен од 1930 до 1970 година. Имено, првото Светско првенство се одржа во 1930 година во Уругвај, и тогаш беше воведен првиот куп. Именуван е по претседателот на ФИФА кој го започна Светското првенство, а трофејот инаку се нарекуваше „Златна божица“. Трофејот е дизајниран од францускиот скулптор Абел Лафлер. На него е прикажана божицата на победата од грчката митологија, Нике, како држи златен куп над главата. Првиот освојувач беше репрезентацијата на Уругвај во 1930 година. ФИФА имаше правило дека репрезентацијата што три пати ќе го освои Светското првенство добива право трајно да го задржи трофејот. Бразил стана првиот што го стори тоа во 1970 година на Светското првенство во Мексико кога го освоија Светското првенство по трет пат (1958, 1962, 1970). За жал, приказната немаше среќен крај. Во 1983 година, трофејот беше украден од седиштето на Бразилската фудбалска конфедерација во Рио де Жанеиро. За жал, никогаш…
Povezane vijesti

(VIDEO) Fudbaler Argentine nije htio da se pozdravi sa Trampom

Јубилејно 15. издание на културно-уметничката манифестација „На зајдисонце“ во Трпејца
