klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Штип го слави историскиот успех на светскиот шампион во карате Марко Џорлев

Штип го слави историскиот успех на светскиот шампион во карате Марко Џорлев
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 20:23:11

Општина Штип, спортските работници и граѓаните на Штип вечерва го одбележаа историскиот успех на 17 годишниот Марко Џорлев, кој го освои златниот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Полска. Во салата на Советот на општина Штип светскиот шампион во карате, Марко Џорлев беше дочекан со силен и долг аплауз. Марко своето обраќање го започна со зборовите кои на социјалните медиуми ги објави неговиот тренер Жарко по освојување за светската титула „Македонија има светски шампион, Штип има светски шампион, Карате клуб Штип има светски шампион“. ​-Овој златен медал, овој успех е историски успех за Македонија, ова е прв златен медал на светски првенства во карате. ​Ова е навистина голема чест да се биде првиот освојувач на златниот медал на за Македонија во карате и навистина чувството е прекрасно.​ Овој златен медал потекнува уште многу одамна, потекнува од 2016 година кога јас почнав да тренирам карате.​ Во 2016 година на само петгодишна возраст, јас почнав да тренирам во Карате клубот Штип, најдобриот клуб со најдобрите тренери Сашко и Жарко Арсовски - рече Џорлев. Тој се заблагодари и на поддршката која секојдневно ја добива од своите родители. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов му ја честиташе светската титула…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti