klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Стејт департмент затвора пет дипломатски мисии во странство

Стејт департмент затвора пет дипломатски мисии во странство
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·04. 08. 2026. 08:43:52

Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот дека планира да затвори пет дипломатски мисии во странство, соопштија денеска извори. Во известувањето испратено кон крајот на минатата недела до одредени конгресни комисии, беше наведено дека САД планираат да затворат канцеларии во Сент Џорџ (Гренада), Нагоја (Јапонија), Медан (Индонезија), Дуала (Камерун) и во Винипег (Канада), објавија британските медиуми, повикувајќи се на изворите кои зборуваа под услов на анонимност. На почетокот на минатата година, во текот на првите месеци од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Стејт департментот започна подготовки за затворање на речиси десетина странски мисии, како дел од поширокиот напор за реорганизација на американската бирократија во согласност со политиката „Америка на прво место“. Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа во тоа време инсистираше на уште поширока програма за затворање, која би можела да вклучи до 30 дипломатски мисии. Некои претставници на администрацијата приватно тврдеа дека некои помали мисии се непотребни и финансиски непрофитабилни. Демократите, како и некои поранешни функционери задолжени за надворешна политика и национална безбедност, предупредуваат дека намалувањето на американското дипломатско присуство, заедно со укинувањето на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД), би можело да го ослаби глобалното влијание на САД и да остави простор за ривали како Кина и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti