klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Стејт департмент: Трамп одлучи да го поништи статусот на Сирија како држава што го спонзорира тероризмот

Стејт департмент: Трамп одлучи да го поништи статусот на Сирија како држава што го спонзорира тероризмот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·09. 07. 2026. 06:33:14

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го извести Конгресот за намерата да го поништи статусот на Сирија како држава што го спонзорира тероризмот (ССТ), соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека оваа одлука на Трамп е уште еден историски чекор што овозможува да му се даде шанса на сирискиот народ за напредок и Сирија повторно да се вклучи во меѓународната трговија и инвестиции. „Стабилна, обединета Сирија која е во мир со себе и со своите соседи е од корист не само за регионот, туку и за целиот свет. Елиминирањето на санкциите следува по извршната наредба на претседателот Трамп од 30 јуни 2025 година, со која се наложува ублажување на санкциите кон Сирија по позитивните промени и акциите против тероризмот што ги презеде сириската влада под водство на претседателот Ахмед ал-Шара“, се вели во соопштението на Стејт департментот. Исто така се истакнува дека сирискиот претседател Ал-Шара дал уверувања дека Сирија во иднина нема да поддржува акти на меѓународен тероризам. „Денеска се случува значајна пресвртница во обновените билатерални односи меѓу САД и Сирија и во историјата на Сирија како нација. Пофалби до владата на Сирија за зацртувањето на новиот курс. Со нетрпение очекуваме да го зајакнеме нашето партнерство со Сирија и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti