Стефан Величковски има нова песна: „КАРТА“ во еден правец и копнеж кој ја „сече“ душата како жилет

Неполни два месеци по излегувањето на емотивната поп балада „Имам се' “ со зборови кои допираат секого и се вртат во главата на секој родител од првиот ден до последен здив, македонскиот музичар и пејач Стефан Величковски веќе има нова песна. Овој пат летна, разиграна, полна со ритам срцепарателни стихови, кои ја опишуваат емоцијата на разделбата, кога едниот заминува со „КАРТА“ во еден правец в џеб во некој друг свет, а сепак копнежот ја „сече“ душата како жилет. За тоа зборуваат стиховите на темата „Карта“ во кои одново се испреплетува „семејната хармонија“ на пејачот со авторот на текстот, неговата сопруга - ТВ водителката Ана Николовска-Величковски, која заедно со Стефан е и коавтор на музика, додека аранжманот го потишува Иле Спасев. Музички во прашање е поп песна со регетон призвук, налик на големите светски хитови од средината 90-ите како што беа „ Coco Jumbo“ na Mr. President или „All that she want“ на „ Ace of Base“, на пример. Реге - поп ритам со слушлива хармонија и певлив вокал како рецепт за летна песна која од прва влегува во уво и секогаш има потенцијал бргу да стане летен радио хит кој ќе го вртат домашните радиостаници. „Карта“ е визуелизирана и со…


