klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ставен под контрола пожарот кај Црник

Ставен под контрола пожарот кај Црник
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·23. 08. 2026. 19:35:09

Голем шумски пожар попладнево избувнал во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе биле ангажирани на пожарот кај селото Бигла во Делчевско. Тој изјави дека по добиената информација, дел од силите биле повлечени и упатени кон пожарот кај Црник. Во гаснењето се вклучиле Територијалната противпожарна единица од Берово, шумските претпријатија од Пехчево и Берово, како и доброволци од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево. На барање на градоначалникот, во гаснењето интервенирале и ер-трактори, кои претходно биле ангажирани на пожарот кај Бигла. Леталата извршиле повеќе налети и исфрлиле вода врз огнената линија, со што помогнале пожарот да биде локализиран и ставен под контрола. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, станува збор за пожар во борова шума кој зафатил голема површина. Тој предупреди дека опасноста сè уште не е целосно мината. -Се уште се гледа чад. Се надевам дека пожарот е добро заокружен, дека нема да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti