Стармер во последна посета на Украина како британски премиер, вети непроменлива поддршка

Британскиот премиер Кир Стармер денеска престојува во последна официјална посета на Украина пред заминувањето од функцијата, при што порача дека „цврстата како челик“ поддршка на Обединетото Кралство за Киев ќе продолжи и во иднина. Стармер во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на изборот на Енди Барнам за нов лидер на Лабуристичката партија и иден премиер. Во изјава објавена пред посетата, Стармер оцени дека истрајноста на украинскиот народ по почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година „ја зачува безбедноста на Европа“. Тој потсети на британскиот придонес за украинската одбрана во текот на неговиот двегодишен мандат на чело на владата. „Кога станав премиер, знаев дека Обединетото Кралство не смее само да застане покрај Украина во моментот на кризата, туку и да помогне во создавањето темели за нејзината долгорочна безбедност и успех“, истакна Стармер. Во неговиот мандат беше потпишано стогодишно стратешко партнерство меѓу Велика Британија и Украина, насочено кон продлабочување на одбранбената и економската соработка, а Лондон беше меѓу иницијаторите за формирање идна меѓународна мировна мисија. Стармер нагласи дека Велика Британија значително ги зголемила инвестициите во одбраната и дека е лидер во развојот на нови воени технологии. „На самитите на Г7 и на НАТО во изминатите…
Povezane vijesti

Izmenjen saobraćaj zbog radova na održavanju okretnice "Borča 3"

"Zbog Asmina sam izgubila...": Stanija u samoj završnici Elite 9 otvorila dušu do srži i rekla sve o Durdžiću
