Стаменковска Трајковска: Бесплатен спортско-едукативен камп за учениците од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода

Децата од социјален ризик и талентираните спортисти од општина Кисела Вода заминаа на бесплатен летен спортско-едукативен камп во Охрид. - Утрово од Општина Кисела Вода ги испратив нашите талентирани млади спортисти и учениците од семејства во социјален ризик на бесплатен летен спортско-едукативен камп во Охрид! Тие ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде им се обезбедени шест полни пансиони - напиша Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска на фејсбук. Градоначалничката соопшти дека за време на престојот за децата ќе се грижи стручен тим од наставници, аниматори и рекреатори, а за нивното здравје со нив патува и лекар. - За квалитетното исполнување на времето на децата за време на престојот ќе се грижи стручен тим составен од наставници, аниматори и рекреатори, а за нивното здравје со нив патува и лекар. Навистина ме радува што денес ги испратив овие деца на заслужен одмор. Остануваме посветени на поддршката за децата од социјално ранливите категории, но и на вреднувањето на успесите на нашите млади спортисти кои го заслужија овој камп. - Сакам сите да уживаат во летото, да градат нови пријателства и да се вратат дома со прекрасни спомени. Вложувањето во нашите најмлади останува наш приоритет!- напиша Стаменковска Трајковска.
Povezane vijesti

Зголемена фреквенција на возила, на „Богородица“ се чека околу 30 минути

Trump nahvalio Infantina zbog poteza koji je izazvao skandal: ‘Donio si sjajnu odluku...‘
