klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Стаменковска Трајкоска оствари онлајн средба со Даниел Јањак, градоначалник на полски Сохачев

Стаменковска Трајкоска оствари онлајн средба со Даниел Јањак, градоначалник на полски Сохачев
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·23. 07. 2026. 09:36:53

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска, оствари успешна онлајн работна средба со градоначалникот на полскиот град Сохачев, Даниел Јањак. Разговорот мина во исклучително конструктивна атмосфера, со отворање на прашања за идни заеднички иницијативи и културна размена меѓу двете општини. Двајцата соговорници разменија мислења за можностите за продлабочување на соработката во сферата на локалната самоуправа, културата, младинските политики и спортската инфраструктура. Посебен акцент беше ставен на споделувањето искуства во модерното управување со општините, со оглед на тоа што градоначалникот Јањак зад себе има богата кариера во културата и администрацијата, а неговото раководство во Сохачев бележи високи оцени за развоен менаџмент. Сохачев е град со длабоки историски корени и значајно културно наследство, познат во светот и како место со кое е тесно поврзан великанот на класичната музика, Фредерик Шопен. Оваа врска претставува особено симболична поврзаност со Општина Кисела Вода, во чии рамки егзистира паркот „Шопен“. - Оваа првична средба со градоначалникот на Сохачев, Даниел Јањак, е одлична основа за градење нови пријателства и долгорочно партнерство. Нашите општини споделуваат слични визии за развој и ставање на граѓаните во центарот на општинските политики. Преку паркот „Шопен“ во Кисела Вода и чествувањето на делото на овој музички великан, ние веќе имаме убава културна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti