klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Стаменкоска Трајкоска на работна средба со претставници на куќните совети и заедниците на станари

Стаменкоска Трајкоска на работна средба со претставници на куќните совети и заедниците на станари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 10. 2026. 20:42:18

На иницијатива на Општина Кисела Вода, со цел унапредување на условите во колективните живеалишта, на состанокот присуствуваа и општинските инспекциски служби, како и претседателот на Регулаторната комисија за домување, Никола Затуроски. Основната цел на оваа средба беше преку отворен дијалог директно да се слушнат потребите, барањата и секојдневните проблеми со кои се соочуваат станарите. Во фокусот на дискусијата беа темите поврзани со редовната проверка и одржување на станбените и заедничките делови од зградите, важноста на противпожарната безбедност и проодноста на евакуациските патишта, како и потребата од брзо реагирање и навремено пријавување на евентуални оштетувања и небезбедни состојби во објектите. Посебен акцент беше ставен и на доследното почитување на законските одредби од Законот за домување, со кои јасно се прецизираат правата и обврските на станарите, управителите и заедниците на сопственици во насока на непречено и безбедно функционирање на станбените објекти. - Безбедноста во колективното домување и одржувањето на станбените објекти не се прашање на личен избор, туку строга законска обврска. Како локална самоуправа, преземаме проактивен пристап за системско решавање на проблемите во оваа сфера. Преку тесната координација со нашите инспекциски служби и Регулаторната комисија за домување, започнуваме со сеопфатен процес за ставање ред и надминување на сите отворени прашања во оваа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti