klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Средба Тошковски-Џозеф: Силни партнерства со меѓународните партнери за побезбедни граници

Средба Тошковски-Џозеф: Силни партнерства со меѓународните партнери за побезбедни граници
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·26. 08. 2026. 18:22:14

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со Џек Џозеф, раководител на британските работни групи за миграција за Балканот и Африка и со вршителот на должноста амбасадор на Обединетото Кралство, Даниел Фиелер. -На средбата ја потврдивме заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и Обединетото Кралство во областа на граничната безбедност, справувањето со организираниот криминал и јакнењето на регионалната полициска соработка. Посебен акцент ставивме на активностите во рамки на Заедничката работна група за миграција, преку која со координирани активности работиме на откривање и сузбивање на организираниот криминал поврзан со нелегалната миграција во регионот, објави Тошковски на својата Фејсбук страна. Министерот истакна дека продолжуваат да градат силни партнерства со меѓународните партнери, затоа што заедничкото и координирано дејствување значи побезбедни граници и поголема безбедност за сите граѓани.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti