klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·29. 06. 2026. 09:45:56

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата, двајцата министри изразија задоволство од развојот на билатералните односи во изминатите три децении и ја потврдија заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Во разговорите беше нагласена потребата од нов импулс во политичката, економската и секторската соработка, како и од продолжување на интензивниот политички дијалог. Беше констатирано дека традиционалното пријателство меѓу двете земји претставува цврста основа за натамошно продлабочување на соработката и за заемна поддршка во мултилатералните рамки. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка што Република Литванија ѝ ја дава на нашата држава во процесот на европската интеграција. Во тој контекст, министерот Будрис ги поздрави реформските достигнувања на Република Македонија и ја нагласи важноста од продолжување на реформскиот процес како основа за напредок на европскиот пат. Тој истакна дека проширувањето на Европската Унија мора да остане врвен политички приоритет и оцени дека актуелниот геополитички момент бара нова динамика во политиката на проширување. „Од 1 јануари го преземаме претседавањето со Советот на Европската Унија, а политиката на проширување ќе биде еден од нашите врвни приоритети. Верувам во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti