klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Средба на министерот Љутков со генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев

Средба на министерот Љутков со генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·10. 07. 2026. 11:45:14

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со Султан Раев генерален секретар на Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ (TURKSOY) На средбата, министерот Љутков упати благодарност за укажаното гостопримство за време на неговата посета на Анкара пред неколку месеци и изрази задоволство што генералниот секретар Раев, сега има можност да ја посети нашата земја, да се запознае со нашиот главен град, како и со еден од најубавите градови на Балканот, Охрид. Во тој контекст, а во функција на потпишаниот Меморандум за разбирање со, министерот Љутков истакна дека следната фаза треба да биде насочена кон имплементација на конкретни активности и иницијативи, нагласувајќи дека овој документ не смее да остане само формална рамка на хартија, туку треба да резултира со реализација на бројни заеднички проекти. Генералниот секретар Раев, исто така, се заблагодари за гостопримството и се осврна на работата на ТУРКСОЈ, организација во која членуваат шест земји-членки и осум држави со статус на набљудувачи. Тој го информираше министерот Љутков дека во изминатиот период се потпишани меморандуми со повеќе држави со цел уредување и унапредување на соработката во областа на културата. Раев посебно истакна задоволство што иницијативата за потпишување на договорот со Македонија, која датира уште од 2018 година, е…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti