klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Средба на Комисијата за европски прашања со шпанскиот државен секретар за ЕУ

Средба на Комисијата за европски прашања со шпанскиот државен секретар за  ЕУ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·27. 07. 2026. 11:59:52

Комисијата за европски прашања оствари средба со Фернандо Маријано Сампедро Маркос, државен секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија. Претседателот на Комисијата и потпретседател на Собранието, Антонијо Милошоски, изрази задоволство што Шпанија посветува сѐ поголемо внимание на политиката на проширување на Европската Унија. Тој нагласи дека особено се цени континуираната поддршка што Шпанија ѝ ја дава на европската перспектива на Република Македонија и на политиката на проширување на ЕУ. Во тој контекст, Милошоски истакна дека треба да се искористи актуелниот моментум за напредок во процесот на проширување, паралелно со Украина и Молдавија, преку отворање на преговарачките процеси. Проширувањето ќе биде вин-вин ситуација во насока на обединета Европа, рече Милошоски. Тој додаде дека од Шпанија, како влијателна земја членка на Европската Унија, се очекува поддршка во надминувањето на билатералниот спор со Бугарија, преку изнаоѓање решение од заемна корист за двете страни. Шпанскиот државен секретар ја потврди поддршката за полноправно членство на нашата земја во големото европско семејство, истакнувајќи дека процесот треба да се темели на заслуги, исполнување на критериумите и почитување на европските вредности. Присутните беа согласни дека средбата претставува само уште една потврда на одличните пријателски односи на двете земји, како и на заедничката определба за продлабочување на соработката, преку…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti