Средба Мисајловски-Бројер: Воената соработка со Германија се темели на доверба, можност за нејзино унапредување

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со началникот на Генералштабот на германските вооружени сили, генералот Карстен Бројер, кој е во официјална посета на Македонија. -Разговаравме за нашата одбранбена соработка која се темели на доверба, заеднички вредности и посветеност кон колективната одбрана, како и за можностите за нејзино понатамошно унапредување и продлабочување. Германија е наш докажан пријател и сојузник и во моментов работиме на заеднички проекти кои се од особено значење за македонската армија и за зајакнување на одбранбените способности, посочува Мисајловски. Додава дека Македонија особено ја цени германската поддршка и партнерство во развојот на капацитетите на нашата Армија. Генерал Бројер беше пречекан со високи воени почести во Генералштабот на Армијата. По официјалните разговори помеѓу двете делегации предвиена е заедничка изјава за медиуми од генералите Лафчиски и Бројер. Во рамките на посетата, генералот Бројер ќе оствари средби и со претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Povezane vijesti

Emotivan oproštaj od vatrogasnog komandanta: Hvala za sve što ste učinili za Sarajevo

Агентите на Тајната служба незадоволни од Џеј Ди Венс – сакал државен авион да го носи син му на тренинг
