Средба Лавров – Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила

На маргините на Самитот на АСЕАН во Манила се одржа средба на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Марко Рубио. Средбата одржана по претходно утврден распоред траела нешто повеќе од половина час, а според најавите, разговорите биле посветени на прашањата поврзани со решавањето на конфликтот во Украина. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, претходно изјави дека Москва смета оти Вашингтон засега не се откажал од предлозите изнесени на средбата меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска. Според дипломатски извор цитиран од руски медиуми, иницијатор на средбата меѓу Лавров и Рубио била американската страна. Во рамки на Самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Манила, Рубио претходно се сретна и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Povezane vijesti

(VIDEO) Knežević i Bojović u Vašingtonu sa kongresmenkom Anom Paulinom Lunom, bliskom saradnicom predsjednika Trampa

„Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој им даде глас на преживеаните од Кочани, со светска премиера на Сараевскиот фестивал
