Svijet Sjeverna Makedonija
Средба Гаши – Варнес: Потврдена стратешката соработка меѓу Македонија и САД

Kurir.mk·Тале Кристо·16. 07. 2026. 14:29:52
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со в.д. амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и стабилното партнерство кое се темели на споделените демократски вредности и тесната институционална соработка. Соговорниците разговараа за парламентарната агенда и актуелните институционални случувања. Нагласена беше важноста од ефикасното функционирање на демократските институции, зајакнувањето на улогата на Собранието и унапредувањето на реформите во интерес на граѓаните. На крај, беше потврдена заедничката посветеност за понатамошно продлабочување на партнерството и стратешкиот дијалог.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


