klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Средба Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка со Словачка

Средба Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка со Словачка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 08. 2026. 13:11:51

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска остварил средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата е дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја. Гаши изразил благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и за поддршката преку Вишеградската група во промовирањето на политиката на проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Амбасадорката Хрицова на средбата разговарала за унапредување на парламентарната соработка, особено преку пратеничките групи за соработка и размената на искуства меѓу парламентарните институти на двете земји. Соговорниците ја истакнале и важноста од понатамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка. Во тој контекст, како што се посочува во собраниското соопштение, било потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивниот институционален дијалог и користење на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за натамошно унапредување на билатералните односи.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti