klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Сребрен медал и два национални рекорда на младите македонски атлетичари на Балканијадата во Романија

Сребрен медал и два национални рекорда на младите македонски атлетичари на Балканијадата во Романија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·12. 07. 2026. 16:40:59

Македонските репрезентативци освоија сребрен медал и поставија два младински национални рекорда и најдобри лични постигнувања на Балканското првенство под 20 години што се одржа во Крајова, Романија. Женската штафета на 4×100 метри го освои сребрениот медал и постави нов младински национален рекорд со време од 48.95 секунди. Штафетата настапи во состав: Ева Митевска, Тамара Атанасовска, Лина Исени и Марта Димковска, подобрувајќи го рекордот што опстојуваше од 1999 година. Брајан Авиа постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со 7.15 метри, подобрувајќи го сопствениот рекорд за четири сантиметри и освојувајќи го шестото место. Во скок во височина Авиа го освои и петто место со прескокнати 2.04 метри. Иван Поповски постави нов личен рекорд во скок во височина со 1.91 метар, со што го освои деветтото место. На 100 метри, Ева Митевска постави нов личен рекорд од 12.40 секунди и го освои 11-тото место, додека Тамара Атанасовска со нов личен рекорд од 12.63 секунди се пласираше на 13-тото место. Марта Димковска го освои 10-тото место на 400 метри со време од 59.84 секунди, а Лина Исени се пласираше на 12-тото место во скок во далечина со резултат од 5.23 метри. Во машката конкуренција на 100 метри, Димитар Корчаковски не ја…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti