klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·24. 08. 2026. 07:44:07

Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во Македонија, наведува Социјалистичката партија на Македонија (СПМ). -Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални претензии. Македонија има свој историски, духовен и културен континуитет и свое национално паметење. Таа е древно средиште на европската цивилизација и не може нејзиното минато да се толкува исклучиво низ политичките матрици на соседните држави. Историските допири меѓу народите не значат и заедничка национална историја. Особено не може денес ретроспективно да се наметнуваат современи национални категории врз векови македонска историја, а политичките процеси на бугарско национално наметнување и асимилација да се претставуваат како „заедничка историја“, велат од СПМ. Наместо историски претензии и политичко туторство, потребно е почитување на македонскиот народ, неговиот јазик, култура, идентитет и историско паметење. -И на крајот, за оние што намерно го забораваат историскиот факт: АСНОМ е темелот на современата македонска државност, извојуван низ четиригодишната антифашистичка и ослободителна борба на македонскиот народ, вклучително и против бугарската фашистичка окупациска власт. Тој историски факт јасно сведочи дека македонската државност не е туѓ проект, туку резултат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti