Спијат во кујни, градини, хотели, користат боледувања – Британците со драстични мерки поради жешкото време

Секој шести Британец презема „драстични мерки“ како спиење во кујна, отсуство од работа или престој во хотели за да се справи со топлотните бранови, покажува истражување на хуманитарната организација „Ситизенс адвајс“. Од организацијата предупредуваат дека милиони луѓе во Обединетото Кралство се „заробени во домови што не можат да ги разладат“, при што речиси половина од испитаниците (44 проценти) посочуваат дека не се во можност да спречат енормно затоплување на нивните живеалишта. „Ситизенс адвајс“ повика на владини мерки за справување со, како што наведува, „продолжена криза во текот на целата година“ - со екстремни горештини во лето и неподносливи сметки за енергија во зима“. За да се справат со горештините, граѓаните на Велика Британија спијат на невообичаени места како кујни, градини или балкони, користат продолжени боледувања, неплатен или годишен одмор, дури и плаќаат престој во хотели. Четири милиони Британци изјавиле дека користат импровизирани решенија, како лепење алуминиумска фолија, картон или влажни чаршафи на прозорците за да ја намалат температурата во домовите. Истражувањето покажало дека лошо дизајнираните домови што се претвораат во „топлотни стапици“, кај граѓаните создаваат чувство на беспомошност. Околу половина од станарите (51 процент) во згради сметаат дека немаат доволна контрола за да спречат прегревање на домовите, во споредба со…
Povezane vijesti

TRUMP NE PRESTAJE ŠOKIRATI: 'Preostali lideri tražili su moje garancije da neće biti ubijeni kao što su ubijeni ostali...'

Od Platona i Aristotela do Darwina i tajni svemira: Split ovog tjedna okuplja filozofe iz cijelog svijeta
