klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и Хрват

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и Хрват
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·23. 08. 2026. 15:30:01

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и еден хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“. Кокаинот е пронајден во зграда на имот во близина на морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран, пренесува Индекс.хр. Брегот на Галиција, познат по своите карпести заливи, е една од важните области за влез на кокаин во Шпанија преку Атлантскиот Океан од Јужна Америка. Во последниве години, истражителите ја забележаа и соработката на локалните криминални групи со лица од земјите од поранешна Југославија - Црна Гора, Србија и Хрватска, и сега се обидуваат да откријат дали има поврзаност и со овој случај. Уапсениот Хрват, според истражителите, имал улога на „нотар“. Станува збор за лице испратено од една од криминалните организации вклучени во шверцот за да ја надгледува операцијата и да ги заштити интересите на неговите налогодавци. Според полициските информации, неговата задача е, меѓу другото, да ја контролира испораката и количината на дрога и да провери дали се исполнети договорените услови. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат како кокаинот стигнал до брегот. Бродот со кој бил донесен сè уште не е…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti